
Мицкоски ја обвини опозицијата дека не ја сака Македонија
Употребувајќи ги своите познати флоскули за Фројд премиерот Христијан Мицкоски денеска ја обвини опозицијата дека не ја сака Македонија затоа што е против изградбата на дата центри.
Употребувајќи ги своите познати флоскули за Фројд премиерот Христијан Мицкоски денеска ја обвини опозицијата дека не ја сака Македонија затоа што е против изградбата на дата центри.
Тој рече дека нема да отстапи „ни милиметар“ од плановите за дата центи и дека во моментов се преговара со 5-6 потенцијални инвеститори, од кои една е голема мултинационална компанија.
„Претпоставам дека кај опозицијата работи Фројд и тие мислат дека како тие што се однесуваа кон државата и кон граѓаните, лажејќи ги, ограбувајќи ги, понижувајќи ги, така и сите се однесуваат. Ние како влада ништо нема да правиме под маса“, рече тој.
Мицкоски ги обвини претставниците на опозицијата дека манифестираат тотално непознавање. „Замислете да не е вештачката интелигенција или податочните центрите како би изгледал денеска БДП да речеме на САД, зарем Нвидиа, Амазон, СпејсИкс, ОпенАИ, мултинационални глобални компании чиишто брендови тежат билиони би постоеле денеска ако на било каков начин тие го доведуваат квалитетот на животот на граѓаните под знак прашање. Така што апсолутно остануваме на таа стратегија како влада“, нагласи тој.
„Со тоа што не сакаат дата центри, тие во суштина не ја сакаат Македонија. Треба да се соочиме со реалноста дека имаме политичари кои се платени од граѓаните и тие не сакаат оваа држава да се развива, тие не ја сакаат државата, тие се сакаат себеси и привилегиите коишто потенцијално ги користат“, изјави премиерот Мицкоски.