
„Денес официјално ја поднесовме интерпелацијата за претседателот на собранието, ја најавивме пред неколку дена, веќе се потпишавме најголем дел од пратениците, регуларната форма што треба е запазена и сега на ред е Талат Џафери да ја започне таа седница“.
Ова на тв Сител го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајлоски.
„Сите опозициски партии се против Талат Џафери да остане претседател на собранието, но овој пат се решивме кој сака да се потпише е добредојден. Решивме секој што мисли дека треба да биде против Талат Џафери бујрум на седница кога ќе биде закажана, нека си го каже своето на глас. Знаете зошто? Зошто Талат Џафери не нѐ срами само нас од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери ја срами цела Македонија, го срами собранието, го срами целото општество“ рече Мисајлоски.