Министерот за здравство на Грција: За 10-15 дена ќе има појасна слика за Омикрон

Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис вели дека ја следат ситуацијата со новиот сој на коронавирусот – Омикрон и очекуваат за 10-15 дена конкретна слика. Тој додава дека земјата е во состојба на готовност иако ги отфрли сценаријата за нов целосен локдаун.

„Ќе постојат мерки за оние кои одбираат да не се вакцинираат. Го почитуваме изборот на некој да не се вакцинира, но не е можно, за тоа „да плати“ мнозинството кое решило да се вакцинира и е заштитено од пандемијата. Ако националната комисија за вакцинација одобри вакцинација на деца на возраст од пет до 11 години, што сметам дека е веројатно, но без да можам однапред да ги знам одлуките, но тоа обично се случува кога имаме одобрение од ЕМА, тогаш вакцините ќе дојдат. Бидејќи се други вакцините, со различна доза, што се одобрени за овие возрасти. Затоа, чекаме одобрение од нашата комисија и доколку одлучи позитивно, ќе се отвори процесот“ рече министерот за здравство на Грција.