Магдалена Андерсон повторно избрана за премиер на Шведска

Магдалена Андерсон (54) повторно е избрана за премиер на Шведска и тоа по само пет дена откако нејзиниот прв мандат траеше неколку часа. Таа е прв премиер на оваа скандинавска земја.

Иако Парламентот ја избра Андерсон за премиер минатата недела, таа поднесе оставка по само неколку часа откако Зелената партија ја напушти  коалициската влада.

Таа е министерка за финансии во оставка, а утре официјално треба да ја преземе функцијата.

За нејзиниот избор гласаше 101 пратеник, досека 75 беа воздржани. Против нејзиниот избор беа 173 пратеници.

Шведскиот систем овозможува премиерот да биде избран и без поддршка од мнозинството во Парламентот.

Андерсон од 2014 година е на функцијата министер за финансии.