Милков: Скопје ги поткопува обидите за унапредување на односите меѓу Бугарија и Македонија

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков изјави дека Скопје ги поткопува обидите за унапредување на односите меѓу Бугарија и Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

„Обидите за градење и смирување на односите меѓу Бугарија и С. Македонија беа поткопани со одредени конкретни постапки на властите во Скопје, кои од крајно неубедливи причини, кршејќи ги претходно дадените гаранции, не дозволија почит кон Гоце Делчев“, рече министерот за надворешни работи Николај Милков на брифинг во бугарското МНР.

Неговата изјава, како што стои во написите, беше во врска со ситуацијата околу одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Македонија на 4 февруари.