Меси донира 3,5 милиони евра за Турција и Сирија

Најдобриот фудбалер на денешницата, Аргентинецот Лионел Меси, уште еднаш го покажа своето големо срце.

Тој подели хуманитарна помош во Сирија и Турција, во вредност од 3,5 милиони евра за најпогодените во земјотресот.

Според пишувањата на турските медиуми, Аргентинецот побарал од неговата фондација да се испрати помош за местата на земјотресот.

Земјотресот со јачина од 7,8 степени, според Рихтеровата скала, е регистриран нешто по 4 часот наутро во понеделникот, по локално време, на 23 километри источно од Нурдаги, провинцијата Газиантеп, на длабочина од 24,1 километар.