
Денеска околу 16 часот и 30 минути на паркингот на трговскиот центар „Ист Гејт“ се случила пресметка во која е употребено автоматско оружје.
Според првичните полициски наоди, неколку лица од возило пукале кон скопјанецот Раде Трајковски – Штекли.
Засега нема информации за повредени или, пак, за загинати лица.
Се врши увид.
Информациите за кои се чек потврда се дека е пукано од црно „ауди“ со странски регистерски таблици.
Инаку, Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше со инцидентот во кој загина младиот фудбалер Мартин Јанушев.
Тој е екстрадиран во Македонија за да издржува затворска казна од 6 месеци.
Трајковски-Штекли беше недостапен за македонските истражни власти уште од 2017 година, а во 2019 година била претепана неговата поранешна сопруга.