
Македонските ракометари дооживеаа пораз во Президент Купот. Во вториот натпревар загубија 27-33 од Тунис.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров лошо го отворија резултатот со 0:5. Во финишот се дојде на 14:15 за на одмор да се оди со резултат 14:16 за Тунис.
Во второто полувреме резултатот беше изедначен во неколку наврати, а некаде на средината Македонците поведоа со 21:20. Оттогаш, Тунис повторно влезе во ритам и видеше до крајот.Најмногу голови, поточно 8 постигна Филип Кузмановски.
Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се сретне со Мароко.
На другиот натпревар од 2. коло, Мароко го победи Алжир со 28:27.