Литванија подобра од САД на Мундобаскетот – закажаа четвртфинална пресметка со Србија

Кошаркарската репрезентација на Литванија ја оствари најголемата победа на Светското првенство, ја совлада селекцијата на САД со 110:104.

Литванија со победата го освои првото место во групата Ј и закажа четвртфинална пресметка со селекцијата на Србија.

САД како второпласирани во својата група, во четвртфиналето ќе играат против Италија која беше прва во групата И.

Литванците беа фантастични во првата четвртина која ја добија со 19 поени разлика. Во втората четвртина, Американците успеаја да бидат рамноправни, но и да го најават враќањето во игра.

Третата четвртина ја добија со 28:17 и во пресрет на последните 10 минути дојдоа до едноцифрена негатива (65:71). Последната четвртина помина во обиди на Американците да направат пресврт, во последната минута, дојдоа до минус пет (105:100), по што се влее во пенал завршница до крајот.

На крајот, Литванците со поените на седум секунди ги решија дилемите околу победникот.

Кај Литванија, шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а најмногу Кариниаускас – 15, а Кузминскас – 14.

Кај САД најдобар беше Ентони Едвардс со 35 постигнати поени.