Кристијан Нинески по третпат го фати светиот крст во водите на Вардар во Скопје

Кристијан Нинески е скопјанецот од населбата Козле кој го фати крстот.

Осветени се водите на Вардар, чин кој заврши со положување на светиот крст од страна на г.г. Стефан. Кристијан Нинески е среќнот верник кој го фати крстот во Вардар. На крајот од осветувањето на водите, г.г. Стефан рече го честиташе празникот Богојавление Водици. Среќниот верник беше даруван.

Ова е третпат тој да го извади крстот од Вардар. Првпат во 2019, вторпат во 2020 година и сега, 2023 година.

„Со прекрасниот поздрав Бог се јави и со радосниот одговор Навистина се јави, христијанските народи на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле. Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска не собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан е најцелосното и најјасното јавување на Бога пред човечкиот род“, кажа г.г. Стефан

Околу 130 верници во Скопје учествуваа во фаќањето на светиот крст од реката Вардар, кој беше фрлен точно на пладне.

Како што информираа за МИА од МПЦ-ОА – Скопска епархија, сите пријавени беа полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.