Кржаловски: Без Заев тешко ќе се формира Влада

Нова Влада, со нов премиер од СДСМ ќе може да се формира и дури и да го истера мандатот до крај (и тоа ќе е сосема легално, иако е дискутабилно колку ќе е легитимно)… но ако пак пукне меурот на очекувања за преговори овој декември или ако овој пат се голтне поголема кнедла од горките пилули од Преспанскиот договор, чинам дека ситуацијата ќе стане неодржлива за Владата, па ќе мора да се оди на парлааментарни избори меѓу април и мај, се дел од проценките на аналитичарот Александар Кржаловски по синоќешната одлука за повлекување на Зоран Заев од лидерската позиција во СДСМ.

Со повлекувањето на Заев ситуацијата дополнително се комплицира; во смисла на довербата на коалициските партнери (ДУИ) кои недвосмислено порачаа дека Заев треба да остане (и да го исполни договорот со нив), а и со потенцијалните нови партнери (Алтернатива) кои порачаа дека ќе му дадат поддршка на Заев за нова Влада ако навистина има изгледи за почеток на преговорите.

Со неговото демисионирање, а и со прилично извесното ново одложување на нашиот ЕУ пат, новиот лидер на СДСМ ќе треба допрва да ја стекне довербата од нив. Но, тоа е помалиот проблем, бидејќи повеќето наши партии (ако не и сите, а особено големите) покажаа дека се многу прилагодливи во договарањата за своите партиски (и особено лични) интереси.

Тоа што ќе е поголем проблем е до кога ќе може овој систем на јавашлук и неодговорност да се одржува, дури и со енормното презадолжување (и ова не се однесува само на владејачката коалиција)…

Oдносно ќе се плаќа прескапо со уште нови задолжувања или ќе колабира или пак како што политичарите милуваат да кажат „народот” ќе ја преземе судбината во своите раце (во која ќе нема многу место за актуелната политичка номенклатура).

Нова Влада, со нов премиер од СДСМ ќе може да се формира и дури и да го истера мандатот до крај (и тоа ќе е сосема легално, иако е дискутабилно колку ќе е легитимно)…

Но ако пак пукне меурот на очекувања за преговори овој декември или ако овој пат се голтне поголема кнедла од горките пилули од Преспанскиот договор, чинам дека ситуацијата ќе стане неодржлива за Владата, па ќе мора да се оди на парламентарни избори меѓу април и мај (што пак исто така се чини дека е веќе договорено меѓу лидерите на двете најголеми партии при драмолетката во Собранието минатиот четврток).