Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.245 тестови, а регистрирани се 188 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 123, Битола – 18, Кавадарци – 10, Прилеп – 6, Куманово – 5, Штип и Делчево – по 4…
Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 7, Куманово и Охрид – по 6, Кавдарци -4…
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (79г), Куманово (84г) и Прилеп (88г), сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата бројот на починати е 9.206, а бројот на активни случаи изнесува 2.041.