Ковачки ја поздрави партијата на Сали Бериша на албански јазик
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, присуствуваше на националното собрание на Демократската партија на Албанија, каде што кусо во воведот се обрати и на албански јазик, пренесувајќи поздрави од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски.

Ковачки соопшти дека присуствувал на настанот на покана од сестринската партија од Република Албанија и нагласил дека иднината на регионот треба да се гради врз заеднички вредности. Тој порача дека земјите од регионот треба да бидат дел од Европската Унија како рамноправни партнери.
„Истакнав дека нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери“, наведе Ковачки.
Во своето обраќање, тој се осврна и на односите меѓу Македонија и Албанија.
„Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза, туку е географска, историска и цивилизациска реалност“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
За време на обраќањето на албански јазик Ковачки доби силен аплауз од присутните.