Карен Качанов – прв полуфиналист на Австралија опен

Рускиот тенисер, Карен Качанов се пласира меѓу четирите најдобри на Австралија опен, неговиот противник Корда го предаде мечот.

Првиот сет беше неизвесен, Качанов го доби во тајбрејк со 7-5. Русинот во вториот сет беше подобар со 6-3, а третиот се играше до 3-0, кога Корда мораше да го предаде мечот поради повреда на зглобот.

Качанов во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меќу Циципас и Лехечка. Дуел кој е денеска на програмата.