
И по третпат не се одбра претседател на Албанија
Албанскиот Парламент и денеска не успеа да одбере нов претседател на државата затоа што ниту еден кандидат не бил предложен за третиот круг на гласање.
Левичарска Социјалистичка партија која е на власт не успеа да постигне компромис со опозицијата и да одберат функционер кој ќе дојде на местото на Илир Мета чиј мандат истекува на 24 јули годинава.
Не е номиниран ниту еден независен кандидат.
Во првите три круга победникот мораше да обезбеди најмалку три петтини од гласовите или поддршка од 84 пратеници.
Социјалисти контролираат 74 од 140 места во Парламентот и немаат гласови за сами да го изберат посакуваниот кандидат, па потребно е просто мнозинство во последните два круга на гласање – 71 пратеник.