Земјотрес во близина на Неа Мудања

Земјотрес во 12:53 по локално време се случи попладнево во Грција. Епицентарот бил на 70 километри југоисточно од Солун, односно 19 километри од познатото туристичко место Неа Мудања.

Земјотресот бил со јачина од 4,7 степени, кој освен вознемиреност и помала материјална штета, не престатвувал закана за граѓаните.

Серија помали земјотреси се регистрирани вчера и денеска во околината на Солун.