Зеленски со благодарност за Мила Кунис и Ештон Качер

Актерите Мила Кунис и Ештон Кучер разговарале со украинскиот претседател Володимир Зеленски откако преку интернет-страницата „GoFundMe“ собраа 35 милиони долари.

Брачната двојка вчера имаше видео-разговорот со претседателот на Украина. Зеленски истакна дека е благодарен за нивната поддршка и рече дека тие се инспиративни.

Инаку, холивудската актерка Мила Кунис е родена во Черновци (Украина) во 1983 година, но нејзиното семејство се преселило во САД во 1991 година.

Актерската двојка рече дека и самите ќе издвојат 3 милиони долари од своите парични средства за фондот наменет за Украина.