
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша интензивната офанзива на Русија на исток како „одмазда“ за претходните загуби во војната.
„Мислам дека нема да може да му обезбеди на своето општество некаков убедлив резултат од офанзивата. Јас сум уверен во нашата армија“, рече Зеленски.
„Ќе ги запреме, малку по малку, и ќе ја подготвиме нашата голема контраофанзива“, рече Зеленски, додавајќи дека Русите претрпеа огромни загуби во нападите во изминатите неколку недели.
Да потсетиме дека Русија прво се потпираше на платеници од групата Вагнер за нападите во источниот украински регион Донбас, вклучително и илјадници затвореници кои беа регрутирани во таа злогласна организација.
Сепак, мобилизацијата на стотици илјади резервисти на крајот на минатата година и овозможи на Москва да ги зајакне редовните воени единици, кои претрпеа големи загуби на почетокот на инвазијата.