Претседателот на Украина Володимир Зеленски доцна синоќа и се обрати на нацијата преку социјалните мрежи. Тој рече дека Русија денеска ќе ја бомбардира Украина и повторно го критикуваше Западот дека санкциите не се доволни.
„Русија официјално најави гранатирање на нашата територија. Нашите компании. Одбранбени комплекси. Повеќето од нив се во нашите градови, а цивилите се во близина. Тоа е убиство, едноставно убиство. И не видов некој светски лидер да реагира на тоа, ниту еден западен политичар. Размислете за чувството на неказнивост што окупаторите го имаат за однапред да ги објавуваат своите ѕверства! Сето тоа затоа што нема реакција. Ниту еден збор. Како сите западни лидери да си заминаа денеска. Се надевам дека ќе го забележите тоа барем утре и ќе реагирате на тоа“ рече синоќа во видео-пораката.
„Одважноста на агресорите е јасен сигнал до Западот дека воведените санкции не се доволни. Не можете да се скриете од оваа реалност. Не можете да се скриете од новите убиства во Украина“ – рече Зеленски.
„Во Ирпин денеска е убиено четиричлено семејство, родители и две деца додека се обидуваа да го напуштат градот. Нема да простиме. Нема да заборавиме. Ќе ги казниме сите што направија злосторства во оваа војна. Ќе го најдеме секој злобник што ги гранатираше нашите градови, нашите луѓе, кои испукаа проектили, кои даваа наредби“ – вели Зеленски.
„Нема да имате мирно место на оваа земја – освен гробот“ – заклучи тој.