Зеленски до ЕУ: Благодарам за помошта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на Европскиот парламент за помошта што Украина ја добива од ЕУ за да се одбрани од руската инвазија. Откако ги добија ветувањата за западни борбени тенкови во последниве недели, украинските власти сега се фокусирани врз обидот да обезбедат снабдување со ракети со поголем дострел и борбени авиони.

„Ви благодарам“, им рече Зеленски на пратениците на ЕУ, кои му дадоа долги овации, а некои од нив носеа сина и жолта боја на украинското знаме.

„Ние се браниме на бојното поле, ние Украинците, заедно со вас“, рече тој, додавајќи дека неговата земја заедно со Европа „се брани од најголемата антиевропска сила на современиот свет“.

Иако Зеленски веројатно нема да замине со непосредни ветувања што ќе ги задоволи неговите барања, посетата му дава можност лично да го претстави неговиот случај со сите 27 национални лидери на ЕУ за прв пат откако Русија ја нападна неговата земја на 24 февруари 2022 година.

Тој не го повтори барањето на Украина за авиони во неговиот говор пред Европскиот парламент. Украинските власти, исто така, вршат притисок за преговори за членство во рок од неколку месеци. Но, додека некои земји-членки на ЕУ се заинтересирани да и дадат на Украина морален поттик што би дошол со започнување на разговорите за пристапување во блокот, други се многу повнимателни.

Тие истакнаа дека потенцијалните членки треба да исполнат низа критериуми – како што е сузбивање на корупцијата – пред да можат да започнат преговори. Зеленски ќе учествува на самитот на што денеска и утре се одржува во Брисел.