
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во посета на Велика Британија, каде на лондонскиот аеродром го пречека премиерот Риши Сунак.
-Велика Британија беше една од првите кои ѝ помогнаа на Украина. И денеска сум во Лондон за лично да им се заблагодарам на Британците за поддршката и на премиерот Риши Сунак за неговото лидерство – објави Зеленски на Инстаграм.
View this post on Instagram
Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека неговата влада сака да види решавачка воена победа за Украина на бојното поле оваа година.
– Нашата цел останува да обезбедиме победа на Украина во овој конфликт – изјави Сунак во парламентот.
Сунак рече дека Британија е водечки европски сојузник на Украина во НАТО и дека ќе го зголеми финансирањето за нејзините вооружени сили.