За најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека е можно да не учествуваат во техничка влада, СДСМ децидни: Бараат алиби за нивниот пораз

На најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека е можно да не учествуваат во техничката влада предводена од Талат Џафери, од владеачката СДСМ гледаат како барање на алиби за, како што велат, нивниот пораз на претстојните избори.

Од СДСМ велат дека таквите обиди на ВМРО-ДПМНЕ нема да им успеат и дека блокадите се единственото нешто што доаѓа од партијата на Мицкоски.

На најавите кои доаѓаат од Мала Речица за иден претседател на државата Албанец, од СДСМ посочуваат дека граѓаните на избори одлучуваат кому ќе му ја дада довербата да ја води земјава, без разлика на етничката припадност. Убедени во изборната победата – велат дека кандидатот на СДСМ подржан од целата коалиција ќе победи при изборот за шеф на државата, индиректно потврдувајќи дека ќе одат со консензуален кандидат.

И додека од ВМРО-ДПМНЕ и денеска велат дека партиските тела доправа ќе носат одлука дали ќе номинираат свои министри и заменици во техничката влада предводена од Џафери, владеачката СДСМ вечерва најпрво на состанок на раководството на партијата, а потоа и на Изврешен се очекува да го потврдат името на Јован Митревски за собраниски спикер, на местото на Џафери.

Според веќе утврдените датуми за изборите – кои партиите ги договорија на лидерската–Џафери ќе ја преземе функцијата технички премиер од 28-ми јануари и ќе ја извршува се до изборот на новата Влада. Парламентарните избори ќе се одржат на 8-ми мај заедно со вториот круг од претседателските избори.