За ДУИ обвинението против Груби е апсурдно и политичко
Две години истрага без ниту еден доказ, апсурдно политичко обвинение за колективна одлука, реагира ДУИ откако Обвинителството поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој беше висок функционер во оваа партија додека беше на власт.

– ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение. Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во инструмент за селективна одговорност и политички прогон на поединци. Токму затоа бараме целосна транспарентност на постапката, со цел јавноста, медиумите и експертите да можат да се запознаат со секое тврдење, доказ и аргумент на странките – реагираат од ДУИ.
Тие бараат и меѓународен надзор за овој случај, тврдејќи дека ниту еден исказ, ниту еден доказ и ниту еден факт не го прави обвинението основано.
Скопското обвинителство поднесе обвинение против Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“, а судењето е веќе закажано за 24 август.