Започнува ски сезоната на Попова Шапка

По снежните врнежи изминативе денови, од Ски центарот „Попова Шапка“ информираат дека денеска официјално ја започнуваат новата ски сезона.

Оттаму велат дека сè е подготвено за новата сезона. Ски-лифтовите и жичниците ќе работат од 8:45 часот до 15:30 часот.

Работното време на билетарниците ќе биде од 8 до 16:15 часот, а ноќното скијање ќе се одвива од 19 до 22 часот.

Ова е цената на билетите, а при купување на секој билет се наплатува кауција од 400 денари, па средствата се рефундираат на билетарница при враќање на ски-билетот.

Според последните податоци снежната покривка на Попова Шапка е околу 40 сантиметри.