
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција има проблеми со првичниот одговор на земјотресот што ги погоди јужните области на земјата и рече дека бројот на загинати се искачи на 8.574.
Ердоган го посети регионот за прв пат по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија, во кои беа потврдени повеќе од 11.000 смртни случаи, а повеќе од 6.400 згради се урнаа.
Тој изјави дека првиот ден од земјотресот имало проблеми со патиштата и аеродромите, но како што одминува времето состојбата се подобрува.