Претседател на Турција – Реџеп Тајип Ердоган ја повика Европската Унија (ЕУ) да отвори „пристапни преговори“ со Анкара, еден ден пред одржувањето на европскиот состанок во Брисел посветен на руската инвазија врз Украина.
„Очекуваме ЕУ брзо да ги отвори поглавјата од пристапните преговори и да ги почне преговорите за царинската унија, без бесрамни калкулации“ рече Ердоган по средбата со холандскиот премиер – Марк Руте во Анкара.
Изјавите на Ердоган доаѓаат во момент кога војната во Украина и овозможи на Анкара да се врати на меѓународната сцена благодарение на нејзините напори во посредувањето.
Преговорите за можно членство на Турција во ЕУ, кои започнаа во 2005 година, беа во застој во изминативе години поради зголемените тензии со Брисел околу голем број прашања.
Кон крајот на 2020 година, Европската комисија оцени дека изгледите за членство на Анкара се „во застој“ бидејќи нејзините лидери донеле одлуки спротивни на интересите на ЕУ.
В четврток во Брисел треба да се одржи и вонреден самит на НАТО.
Ердоган во период од девет дена прими четворица лидери на земји од ЕУ и НАТО.