
Македонија остана без уште еден претставник во Саудиска Арабија, откако крилниот фудбалер Езџан Алиоски го раскина договорот со тимот на Ал-Ахли.
Левиот бек ја почна сезоната во тимот, но откако пристигнаа неколку ѕвезди од Европа, следеше раскин на договорот.
Алиоски беше прекуброен, па двете страни спогодбено ѝ ставија крај на соработката. За вакво нешто се шпекулираше веќе подолго време.
Слична е и ситуацијата со Дарко Велковски, кој е член на Ал-Етифак, но се очекува и тој да го раскине договорот со екипата.
31-годишниот Алиоски за Ал-Ахли одигра 31 натпревар на кој постигна 6 гола.
Репрезентативецот покрај за тимот од Арабија играше и за Фенербахче, Лидс Јунајтед, Лугано, Шафхаузен и младинскиот тим на Јанг Бојс.