„Една ноќ може ненадејно да дојдеме“: Ердоган повторнo ѝ се закани на Грција

Претседателот на Турција, Рeџеп Таип Ердоган во својот говор на Самитот на Г20 повторно и се закани на Грција.

Тој изјави дека Турција „една ноќ може ненадејно да пристигне” во Грција и затоа соседната држава треба „да внимава на своето место” и да „се сети на историјата”.

Изминатите месеци Ердоган ја засили својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Тој во говорот на Самитот на Г20 го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено” и додаде дека „сите авиони и оружје што ќе дојдат нема да бидат корисни”.

На претходните закани реагираше и шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас, кој испрати писма до НАТО, ЕУ и ОН.