Европратениците бараат оставка од Вархеји

Европските пратеници бараат од комесарот за проширување Оливер Вархељи да поднесе оставка поради вчерашниот инцидент што се случи во Европскиот парламент (ЕП) додека еврокомесарот одговараше на прашањата на пратениците за проширувањето кон Западен Балкан.

Камерите снимиле дека унгарскиот комесар Вархеј ги нарекол пратениците „идиоти“.

Откако одговорил на прашање од пратеник, седнал на своето место и наводно на унгарски рекол „колку други идиоти има?“