„Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката“: Јаневска за најавениот студентски протест

Министерката за образование и наука Весна Јаневска не гледа логика во најавата за студентски протест поради предложените промени во мерката за субвенциониран студентски оброк, оценувајќи дека новото решение ќе им понуди повеќе поволности на студентите.

Јаневска информираше дека забрзано се работи на проектот за студентска картичка, со која студентите ќе добијат 20 отсто попуст на услугите достапни преку апликацијата „М-услуги“.

Таа посочи дека е формирана работна група и дека е во комуникација со претставниците на студентските собранија, со цел што побрзо да се дојде до законско решение.

Осврнувајќи се на најавениот протест, министерката рече дека правото на протест е загарантирано, но не разбира зошто студентите би протестирале против мерка што, според неа, им нуди повеќе од досегашните поволности

„Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката“, изјави Јаневска.