Доаѓа многу топло време од утре до крајот на следната недела

Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.


Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.