
Со овие измени, додаваат од Антикорупциска, борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна.
„Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание“ – се наведува во соопштението на ДКСК.
Оттаму додаваат дека се изненадени и загрижени од ваквиот начин на носењето на измените, дотолку повеќе што, како што наведуваат, во меѓувреме Министерството за правда од нив побарало да достави мислење по предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, со рок за произнесување до 20 септември годинава.