
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Давос, Швајцарија ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, каде што учествува на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ).
„Кога станува збор за односите меѓу Србија и Косово, сакаме да ги смириме тензиите и да ги нормализираме. Денеска се сретнав со премиерот на Косово, утре ќе се сретнам со претседателот на Србија“, рече вчера премиерот Пленковиќ во Давос за CNN.
Пленковиќ рече дека нема страв од нестабилност и дека меѓународната заедница е посветена на „мирен развој на ситуацијата во Југоисточна Европа, особено на односите меѓу Србија и Косово“.
Во овој момент започнува панелот „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ на кој учествува и Пленковиќ, а по завршувањето на тој панел, околу 9 часот, треба да се сретнат Пленковиќ и Вучиќ.
Средбата на Пленковиќ со Вучиќ би можела да трае нешто повеќе од половина час.