
Пожар утрово избувнал во Грција во непосредна близина на граничниот премин Меџитлија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи стапено е во контакт со грчките власти и засега пожарот не е проширен кон македонската граница, објави СДК.
„Пожарот на отворено го гаснат поголем број на грчки пожарникари со поддршка на 4 грчки ПП авиони. Грчкиот 112 ќе нѐ извести благовремено доколку пожарот тргне кон македонската страна од границата. За опасноста од овој пожар известена е ДЗС каде подготвен за полетување чека еден Ер трактор. Стапивме во контакт и со МВР за да испратат патрола која благовремено ќе извести доколку пожарот ја премине граничната линија“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Денес на располагање за гаснење на евентуални пожари на отворено има два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер како и два Ер трактори на ДЗС.