Генчовска: Не се водат тајни разговори со С. Македонија!

„Не се водат тајни разговори со Северна Македонија“ изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бугарски „24 часа“.

„Не знам што кажа госпоѓица Бориславова, нека има доверба во МНР во однос на политиката што ја водиме“, рече денеска Генчовска.

„Не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на експертските тимови на Министерството за надворешни работи на Бугарија и Министерството за надворешни работи на Северна Македонија. Последните експертски разговори беа на 11. февруари, нема конкретни резултати. Не е постигнат напредок како основа за следната рунда консултации. Веќе мислиме дека е дојдено време да се намали тензијата меѓу двете министерства, формално да се посети Северна Македонија за да се сретнеме со нивниот експертски тим“ – потенцираше шефицата на бугарската дипломатија.