
Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни бидејќи се градат според нови законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси. Ова го истакна Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП).
Гаревски за Фактор.мк потенцира дека од 2014 година градбите се контролираат од повеќе институции кои се регистрирани во Министерството за образование и наука, меѓу кои се ИСОГКП кои спроведуваат контроли на терен, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и други слични институции, кои ја проверуваат безбедноста на градбите.
По разорнот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија во понеделникот рано наутро, во кој веќе има голем број жртви, многу разуранти објекти, и се уште се трага по преживеани, стравот кај граѓаните се зголеми. На социјалните мрежи и низ медиумите постојано се споделуваат снимки од спасување на преживеани, но обемот на штетите е огромен, и неопходни се повеќе спасувачки екипи за помош на затрупаните граѓани.