Вчерашниот пожар во компанијата во Тетово се проценува на 12 милиони евра

Вчерашниот пожар во поранешниот Тутунски комбинат во Тетово зафати објекти сопственост на компанијата „Пофикс“. Сопственикот на компанија за ТВ Клан вели дека штетата е проценета на 12 милиони евра.

Тој упати благодарност до граѓаните и надлежните кои помагаа при гаснење на пожарот.

Според него, дождот кој ден претходно го поплави Тетово најверојатно е причината за пожарот.

„Материјалните штети се многу големи. Но, ниту еден работник нема да ја изгуби работата, бидејќи тие се нашето семејство“ – рече тој.