Вучиќ со порака до граѓаните: Да го задржиме мирот и стабилноста, да направиме големи чекори напред

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска упати силна порака до граѓаните на Инстаграм.

– Мораме да го зачуваме мирот, стабилноста и мораме да направиме големи чекори напред.

Да потсетиме, Вучиќ вчера беше на отворањето на мегафабриката Континентал во Нови Сад, инвестиција вредна речиси 150 милиони евра, каде работат речиси 1.000 врвни српски инженери.

– До 2025 година просечната плата во цела Србија ќе биде 1.000 евра, во Нови Сад 1.300 и во Белград 1.350 – рече тој.