Вечерва во Трилинг: Половина од лекарите кои годишно добиваат лиценца си заминуваат во странство

Во вечерашното издание на Трилинг ќе имате можност да слушнете повторно нови актуелни теми.

Еден од разговорите е со новинарката Кристина Атовска, единствената која беше на воените барикади во Украина.

,,Таму линијата на огнот постојано се поместува, но не многу, не во голема мера. Постојано трупаат оружје и двете страни’’ – вели Атовска.

Виктор Андонов, советник за енергетика на тема растечкиот интерес за сончевите колектори.

Можеме да имаме зголемено користење на сончевата енергија

,,Определба на Владата е зголеменото производство на електрична енергија, домашна и изворна’’ – истакна Андонов.

Проф д-р Горан Димитров претседател на Лекарското друштво во утрешното издание на Трилинг говори на тема здравствените работници.

,,Во една година 400 лекари добиваат лиценца и се здобиваат со право да прегледуваат пациенти .Од тие 200 до 220 заминуваат во странство’’ – потенцираше Димитров.

И Никола Стојковски продуцент и автор на музиката на Fin Project на тема одлична музика и убав кажан збор.

,,Создавање култура значи вреднување на оние суштински нешта кои културата ја одржуваат жива’’ – вели Стојковски.