Во Србија е уапсена баба осомничена за дилање дрога

Српската полиција во шумата во Земун пронашла старица која имала дигитална вага и речиси половина килограм бела материја слична на дрога до себе.

Полициската екипа за интервенција ја привела В.Н.(78) во полициската станица во Земун.

Полицијата во шумата, во земунската населба Галеника, ја пронашла В.Н., која покрај себе имала дигитална вага, а до неа имало неколку различни чанти.

Според проценките, во вреќичките имало околу 400 грама бела прашкаста материја, слична на наркотична дрога, пренесува Блиц.