Во Мексико 15 загинати во судар на автобус и камион

Најмалку 15 лица загинаа, а 36 се повредени во несреќа на автобус во кој превезувале претежно мигранти од Венецуела, соопштија вечерва мексиканските власти.

Несреќата се случила на автопатот што ја поврзува Оахака на југ со Пуебла во централниот дел на Мексико.

Автобусот „удри во камионот“, соопштија локалните власти, додавајќи дека повредените се пренесени во околните болници.

Мексико е транзитна земја за мигранти од Централна Америка (Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор), Венецуела и Карибите (Хаити, Куба) на пат кон границата со САД.