
На улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во саботата случајни минувачи забележале дете со тешки повреди и премрзнато оставено да лежи на земја. Настанот е пријавен во СВР Велес, а детето е пренесено во Општата болница Велес.
Момчето е со тешки повреди, отворена рана на брада и скршеница на долната вилица.
Поради специфичните повреди било префрлено на Детската клиника во Скопје. Околу тоа што се случило со детето, кој и зошто му нанел тешки повреди, а потоа го оставил да смрзнува среде улица, и колку време било момчето ставено таму да лежи, се уште нема информации, дознава „Фокус“.
Од СВР Велес го потврдуваат настанот и појаснуваат дека детето сè уште е во Клиниката во Скопје, но поради повредите не е во состојба да зборува.