Во Белград е застрелан водачот на новиот Земунски клан

Немања Бојовиќ (38), познат по прекарот Хемија, синоќа е застрелан во Белград.

Бојовиќ во моментот на нападот бил во друштво со уште еден човек. Непознатиот сторител пукал во нивна насока, а Бојовиќ бил застрелан.

Нова.рс пишува дека и двајцата се пренесени во болница. Се уште не е позната тежината на нивните повреди.

Во сила е полициската акција „Вихор“, а блокиран е делот на Земун каде што се пукало.

Бојовиќ беше уапсен во октомври 2008 година за време на голема операција насочена против членовите на новиот Земунски клан. Во таа акција полицијата запленила 1,9 килограми амфетамин и 13,6 грама марихуана, пишува Телеграф.

Бојовиќ е осуден на шест години затвор за трговија со дрога, обид за убиство, изнуда и разбојништво.

По излегувањето од затвор тој повторно бил уапсен во едно белградско кафуле, кога кај него биле пронајдени кокаин и спид.

Неговиот татко, Горан Бојовиќ Амонијак, беше ликвидиран во 1992 година како член на српското подземје.