Вооружено лице уби двајца мажи и една жена во Џексонвил на Флорида, па се самоуби

Двајца мажи и една жена се убиени синоќа во градот Џексонвил на Флорида во пукање што полицијата го третира како злосторство од расна омраза.

Пукањето се случило во една од синџирот продавници Долар Џенерал стор. Белец вооружен со пушка и пиштол убил тројца црномурести луѓе пред да се самоубие.

„Ги мразеше црнците“, рекол шерифот Т.К. Вотерс на прес-конференција.

Тој не го именуваше напаѓачот, но рече дека пред нападот објавил неколку прогласи против црното население.

Полицијата верува дека тој дејствувал сам.