
Едно лице е повредено во тешката сообраќајка што попладнево кај 17 часот се случи во скопско Козле. На терен се екипи на Противпожарната единица кои се обидуваа да го изгаснат огнот што настанал при судирот. Во сообраќајката учествувало возило БМВ, а најверојатно и мотор.
Официјални информации за несреќата ќе има по завршување на увидот на лице место. Видеото кое екипата на МКД.мк го има од лице место е вознемирувачко.