Водици во Охрид – светиот крст годинава во рацете на Васко Довлев од Варош

Васко Довлев од Варош го фати крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Тој беше најснаодлив и најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи кои запливаа во осветените студени води на Охридското Езеро.

Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.

Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро.

Иако дуваше силен ветер, температурата беше 12 степени, а температурата на водата беше околу девет степени по осветениот крст влегоа голем број верници.

Настанот го следea неколку илјади охриѓани и гости од земјава и странство.