ВЛЕН: Од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан

ВЛЕН тврди дека обвинението за Артан Груби ги зоврело страстите во ДУИ. „Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. Приказни за мали деца“, велат од Влен.

ВЛЕН тврди дека обвинението за Артан Груби ги зоврело страстите во ДУИ.

„Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. Приказни за мали деца“, велат од Влен.

Според нив, ДУИ веќе не можат да ја контролираат ситуацијата.

„Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и
теми со кои директно или индиректно го адресира Груби. Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола. Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан. За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко“, велат од ВЛЕН.