Вирално рангирање го смести Скопје меѓу најнечистите во Европа

Една листа што во последните денови беше широко споделувана на социјалните мрежи привлече големо внимание поради рангирањето на европските метрополи според чистотата. Од едната страна, се градовите познати по уредни улици и добро одржувани јавни простори, додека од друга страна, има голем број големи метрополи кои, според ова издание, имаат сериозен проблем со ѓубрето.

Најчистите градови според оваа листа:

Луксембург, Виена, Љубљана, Осло, Хелсинки, Вилнус, Рејкјавик, Талин и Рига.

Градови кои се обвинуваат за нечистотија:

Рим, Скопје, Атина, Софија, Париз, Букурешт, Белград, Мадрид и Будимпешта.

Зошто Скопје е во друштво на највалканите?

Фактот дека Скопје беше меѓу градовите оценети како најмалку чисти привлече посебно внимание на домашната јавност. Во последните години, главниот град на Македонија често беше предмет на живи дискусии токму поради состојбата на улиците, преполните контејнери, неправилно отстранетиот отпад и изгледот на одредени делови од градот.

Затоа овој список треба да се гледа првенствено како вирален тренд од мрежите, а не како конечна оценка. Сепак, фактот дека Виена и Љубљана беа од едната страна, а Скопје од другата, е доволен за да се постави прашањето: дали градот во кој живееме е навистина толку чист колку што мислиме?