Виктор Орбан: Нема победници во војната во Украина и затоа е потребен итен прекин на огнот

Здравиот разум налага дека не може да има победници во војната во Украина и затоа мора итно да се договори прекин на огнот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан изјави за државното радио дека е тешко да се согледа целта на војната во Украина, бидејќи завојуваните страни прокламирале различни цели на војната во различни периоди.

Лесно е да го изгубите патот во таква ситуација бидејќи нема референтна точка за вашите одлуки“, рече Орбан, пренесе МТИ.