(Видео) Хрватска инфлуенсерка побарала бесплатен оброк во ресторан, но ѝ покажале каде ѝ е местото

Случка меѓу хрватска инфлуенсерка и ресторан е во фокусот на твитерџиите од регионот деновиве. Имено, девојката побарала соработка, односно бесплатен оброк од ресторан во Хрватска, а на тоа налетала на ладен туш од менаџментот.

На нејзиниот TikTok профил таа дури и објаснува како сакала да го рекламирала ресторанот на нејзиниот профил – нешто што било вообичаено за инфлуенсерите. Но, изгледа девојката се преценила, па од ресторанот ѝ рекле дека:

„Тоа може да го бара Мадона или Серена Вилијамс“.

Девојката се навредила и им рекла дека се непрофесионални.

Од ресторанот, пак, ѝ понудиле да плати за нејзиниот оброк, а парите да ги дадат во добротворни цели. Инфлуенсерката, нормално, го одбила ова.

Протече и „скриншот“ кој е од разговорот помеѓу девојката и ресторанот:

„Вашата понуда е, во најмала рака, смешна, тоа можат да го бараат и да го добијат Мадона, Серена Вилијамс, Вил Смит … Вие можете да дојдете и да јадете кај нас, ќе ја платите услугата, а ние можеме, во договор со вас, износот од вашата сметка да го уплатиме во хуманитарна организација, па објавете го тоа на вашиот профил. За вас, од нашите вработени и гости, не чул никој“.

На крај, од ресторанот ја нарекле Дорис „гуска“, а таа, пак, ја искористи приликата да каже дека ресторанот е лош.

„Сите кои ги прочитавме вашите пораки заклучивме дека вие сте обична гуска“, ѝ напишале од ресторанот на младата инфлуенсерка.